Top Sport

(Видео) Хулигани во Бугарија го тепаа делегатот

Хулигани го нападнаа делегатот на натпреварот меѓу Локомотив Пловдив – Септембри Софија одигран во првенството на Бугарија.

Пред почетокот на натпреварот се одржа речиси половина час долга церемонија и молитва за одбележување на стогодишнината на клубот.

Гостите славеа со голот на Рупанов од пенал во 60. минута.

Инцидентот се случи во судиското надополнување на времето. На еден од навивачите на Локомотив му се слошило на трибините, лекарите веднаш реагирале и човекот со возило на Брза помош бил пренесен во болница.

Додека возилото на Брзата помош го напушти теренот, еден навивач кој стоел до теренот се скара со делегатот, а потоа навивачите почнаа да се спуштаат на теренот. Делегатот доби два силни удари во главата, од кои почна да му тече крв од носот.

По паузата која траеше додека се одржуваа консултации меѓу судиите и делегатите и додека навивачите се враќаа на трибините, натпреварот заврши.

Scroll to Top