Три евролигашки екипи, кои во моментов се борат за пласман во нокаут фазата од елитното натпреварување, доживеаја убедливи порази во натпреварите, во кои се бореа за трофејот во Купот на своите држави.
Реал Мадрид во реприза на ланското финале во Купот доживеа пораз од Уникаха.
За Андалузијците ова беше трето финале во Купот во последните шест години и втор трофеј во последните три сезони. Во единственото финале што го загубија, во сезоната 2019/2020 беа поразени од Реал Мадрид.
Конечниот резултат од 93:79 во корист на тимот на Ибон Наваро покажува дека Уникаха доминираше во текот на целиот натпревар. Уникаха го освои третиот трофеј од почетокот на сезоната, откако претходно го освои Суперкупот на Шпанија и Интерконтиненталниот куп на ФИБА.
Реал го растурија Кендри Пери и Дејвид Кравиш, погодија девет тројки од 11 обиди. Кравиш (5/6 за три) постигна 22 поени, а Пери (4/5 за три) мечот го заврши со 27 поени и на крајот беше прогласен за МВП на завршниот турнир.
Претходно претставникот од Еврокупот Тренто убедливо го совлада Армани Милано со 79:63 и за првпат го подигна пехарот наменет за освојувачот на Купот на Италија.
Најзаслужни за триумфот на Тренто беа Форд со 23 и Елис со 14 поени, додека тимот на Армани, како и обично, го предводеа Миротиќ со 20 и Ледеј со 12 поени.
Сепак најголемото изненадување го направи Ле Ман. Во финалето на Купот на Франција над Монако со 104:96. Трејвор Хигинс со 25 поени (пет тројки), го предводеше Ле Ман и го доби трофејот за најкорисен играч на турнирот. Кај Монако Мајк Џејмс постигна 29 поени.
Ле Ман моментално е шести на табелата во француската ЛНБ лига, а ова беше прв трофеј на клубот во Купот по девет години.