Top Sport

Сити се надева на чудо во Мадрид, Јуве брани гол предност во Ајнддховен, ПСЖ и Дортмунд практично се во топ 16

По вечерашните четири реванш натпревари од плеј-офот од Лигата на шампионите ќе бидат биде комплетирана листата на учесници во осминафиналето.

Како и пред една недела најголемо внимание привлекува натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити во Мадрид (21:00 часот).

Првиот натпревар на актуелните шампиони на своите земји, не ги реши сите дилеми, и покрај тоа што Реал стекна капитал од 3.2.

„Ќе биде забавен, комплициран и предизвикувачки натпревар, на кој ќе се обидеме да му пристапиме како на првиот. Мислам дека мојот колега Гвардиола не мисли дека има само еден процент шанси за пласман во следната рунда, исто како што не верувам дека веќе сме ја завршиле работата. Тоа е само еден гол разлика, очекуваме тешка борба“, рече тренерот на домашниот тим, Карло Анчелоти.

„На ова ниво на натпреварување, против ваков тим, без разлика на фазата на натпреварувањето, мора да има притисок и тоа е добро. Само се надевам дека ќе најдеме начин да го издржиме тоа. Лошите моменти се составен дел од спортот и животот, треба да страдате, но нашата желба е да не преживуваме повеќе такви искуства“, зиајви колегата на Анчелоти, Пеп Гвардиола.

Можеби не значи ништо, но можеби е индикативно дека Лос Бланкос имаат три победи и само еден пораз пред своја публика во тековната сезона во Лигата на шампионите, додека Сити загуби три натпревари и само еднаш победи надвор од својот стадион.

На останатите три натпревари, Јувентус брани гол предност во Ајндховен против ПСВ (2:1) додека Борусија Дортмунд и ПСЖ практично се пласираа во Топ 16 по убедливите гостински победи над Спортинг, односно Брест.

Scroll to Top