Оливие Жиру доживеа голема непријатност на почетокот на месецот, неговиот дом во Лос Анџелес бил ограбен.
Според американските медиуми, неговата сопруга ја пријавила кражбата на 5. февруари.
Крадците украле накит во вредност од 500.000 долари, а полицијата наводно ја продолжува истрагата, но засега никој не е уапсен.
Жиру е во МЛС лигата од 2024 година, каде настапува за Лос Анџелес.
Во текот на кариерата играше за Монпелје, Арсенал и Челзи, како и за француската репрезентација, со која стана светски првак во 2018 година.