Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Шамс Чаранија, познат НБА инсајдер, како причина го наведува згрутчувањето на крвта во десното рамо.
Францускиот центар минатиот викенд учествуваше на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско, па оваа вест е дотолку повеќе изненадувачка.
Сезонава тој има просек од 24,3 поени, 11 скока и 3,7 асистенции на 46 натпревари.
Вембањама е член на Спарс од 2023 година, кога беше избран како прв пик на драфтот.
Минатата година беше прогласен за дебитант на годината, беше лидер во блокади, а беше и член на најдобрата дефанзивна петорка.