Top Sport

Бонифејс ќе го напушти Леверкузен

Баер Леверкузен по завршувањето на сезоната ќе го продаде напаѓачот Виктор Бонифејс.

Нигерискиот напаѓач минатата сезона беше важен играч за Баер и заедно со Флоријан Вирц, Алехандро Грималдо и Џереми Фримпонг имаше најголемо влијание во историската сезона на клубот од Леверкузен. .

Оваа сезона, сепак, тоа не е случај. Бонифејс, исто така имаше проблеми со повреди, а честопати ги започнува натпреварите од клупата за резерви.

На последниот натпревар на тимот на Чаби Алонсо, дербито против Баерн, тој не доби ниту една минута.

Челзи е подготвен да плати речиси 70 милиони евра за Бонифејс, а германскиот клуб ќе биде повеќе од среќен доколку на адресата на клубот пристигне таква понуда.

Бонифас оваа сезона постигна седум гола на 14 натпревари.

Scroll to Top