Градското дерби Реал-Атлетико ќе се одигра во осминафиналето во Лигата на шампионите, одлучи ждрепката во Нион. Интересно за нешто повеќе од еден месец Реал и Атлетико ќе одиграат четири натпревари, бидејќи ждрепката ги спои и во полуфиналето во Купот на Шпанија.
Осминафинални двојки::
ПСЖ – Ливерпул
Клуб Бриж – Астон Вила
Реал – Атлетико
ПСВ – Арсенал
Феенорд – Интер
Баерн – Баер Леверкузен
Борусија Дортмунд – Лил
Бенфика – Барселона
Четвртфинални двојки:
ПСВ/Арсенал – Реал/Атлетико
ПСЖ/Ливерпул – Клуб Бриж/Астон Вила
Бенфика/Барселона – Борусија/Лил
Баерн/Баер – Феенорд/Интер
Познато е и како ќе изгледаат и двојките за полуфиналната фаза. Можен е дуел на двата најтрофејни клуба во натпреварувањето, Реал Мадрид и Ливерпул, како и пресметка меѓу Барселона и Баерн Минхен.
ПСВ/Арсенал – Реал/Атлетико против ПСЖ/Ливерпул – Клуб Бриж/Астон Вила, односно Бенфика/Барселона – Борусија/Лил и Баерн/Баер – Феенорд/Интер.
Натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одиграат на 4/5. и 11/12. март, четвртфиналните пресметки се на 8/9. и 15/16. април, полуфиналните дуели ќе се одиграат на 29/30. април и 6/7. мај. Големото финале е на Алијанц Арената во Минхен на 31 мај.