Top Sport

(Видео) Фудбалерите на Удинезе како мали деца се караа кој да го шутне пеналот

Фудбалерите на Удинезе славеа во Лече со 1:0 во првиот натпревар од 26.коло во Серија А. Единствениот гол, од пенал во 26.минута го постигна Лоренцо Лука.

Пеналот беше највпечатливиот момент на натпреварот, за него се зборува во италијанската фудбалска јавност. Играчите на Удинезе ќе се истепаа кој да го шутне пеналот.

На пеналот му претходеше прекршок на Габи Жан врз Санди Ловриќ, а по потврдата на пеналот од ВАР собата, Лоренцо Лука ја зграпчи топката и покрај тоа што не е примарна опција.

Почнаа да се редат непријатни сцени за навивачите на Удинезе, особено за самите играчи на тимот. Неколку фудбалери го опколија Лука, барајќи објаснување зошто ја грабнал топката таму беше и искусниот Алексис Санчез кој се обидуваше да ги смири „жешките глави“, но веднаш стана јасно дека и тој сака да изведе ударот.

Во метежот се најдоа и Фрацузите Тован и Соле. Инаку, Тован сезонава два пати не релизираше удари од белата точка.

На крајот Лука „победи“, го изведе пеналот мошне сигурно, постигна гол, но соиграчите не прославија со него.

Четири минути по постигнатиот гол, тренерот на Удинезе, Австриецот со српско потекло Коста Руњаиќ, за да го дисциплинира, го извади Лука од игра.

Scroll to Top