МЗТ Аеродром Скопје доживеа уште еден лош пораз во низа, откако српскиот тим Мега Бемакс во „СРЦ Јане Сандански“ стигна до неверојатна 76:92 победа во седмото коло на АБА-лигата. Ова е уште еден пораз за тимот на Александар Тодоров, по загубениот домашен натпревар против Блокотехна.
Мега во првата четвртина водеше со супер-високи 9:23, пред на крајот на четвртината МЗТ да има разлика од 18 поени (14:32). Гостите имаа највисока разлика од 26 поени, пред МЗТ да врати со серија од 12:0 во последната четвртина и да ја намали разликата. Добриот финиш не ја поништи лошата игра на „металците“, за на крајот поразот да биде одразен со помалку прифатливи 16 поени разлика (92:76).
Кај МЗТ најефикасен беше Бојан Трајковски со 16 поени, 7 скока и 1 аситенција, Дамјан Стојановски додаде 13, а Спасоевиќ имаше 12 поени. Кај гостите, Никола Ребиќ им даде 22 поени на МЗТ, Белгиецот Костја Мушиди 18, а Американецот Дилан Енис 17 поени за важна победа на Мега.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – МЕГА БЕТАКС 76:92 (14:32, 22:25, 17:13, 23:22)