Барселона и Атлетико Мадрид одиграа 4:4 на „Монжуик“ во првиот натпревар од полуфиналето на Копа дел Реј.
Тимовите приредија вистински спектакл. Атлетико водеше 0:2, Барселона направи целосен пресврт за 4.2, на крајот мечот заврши без победник.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик проговори за натпреварот во кој неговите играчи пропуштија голема шанса да остварат предност пред реванѓот во Мадрид.
„Горд сум на овој натпревар, но морам да разговарам со играчите за головите што ги примивме. Ние сме млад тим, а тоа се виде денеска. Можеме да се подобриме, и тоа ќе направиме“, рече Флик.
„Игравме многу добро 75 минути, а сега имаме одлична можност да покажеме дека можеме да победиме на Метрополитано“. Ќе дадеме се од себе. Денеска покажавме дека не се предаваме и кога ќе примиме два гола на самиот почеток од натпреварот“, изјави германскиот стручњак.
Реваншот се игра на 2 април на „Метрополитано“ во Мадрид, а интересно е што двата тима ќе се сретнат претходно во првенството, во 28.коло, на 16.март исто така во Мадрид.
Во второто полуфинале на Купот се среќаваат Реал Мадрид и Реал Сосиедад. Атлетик Билбао ја освои титулата во Купот минатата сезона.
Барса е најуспешниот тим во историјата на Копа дел Реј со 31 трофеј, Атлетик Билбао има 24, а Реал Мадрид 20.