Прославениот англиски фудбалер Дејвид Бекам го даде своето мислење за трката за најдобар фудбалер на сите времиња.
Сопственикот на Интер Мајами, логично се определи за најголемата ѕвезда на неговиот клуб, Лионел Меси.
„Лео е најдобриот играч на светот и на сите времиња“, рече Бекам за време на разговорот на аудиовизуелниот саем МИП во Лондон.
Тој зборуваше и на други фудбалски теми, прогнозираше дека Реал Мадрид повторно ќе ја освои Лигата на шампионите, а го пофали и Пеп Гвардиола, кој минува низ најтешкиот период во кариерата.
„Пеп е еден од најдобрите тренери во светот. Секој голем клуб поминува низ периоди на транзиција, особено кога има промени во тимот. Понекогаш е потребно време за тимот да се стабилизира”, рече Бекам.