Тијаго Мота останува тренер на Јувентус, иако „старата дама“ не игра добро. Јувентус испадна од Лигата на шампионите, а во средата го заврши учеството во Купот на Италија, додека во Серија нема шанси да се бори за титулата.
По елиминацијата од Емполи во Купот, Тијаго Мота ги критикувше играчите, рече дека „треба да се засрамат“ и доби поддршка од клупските челници.
Поточно, од спортскиот директор Кристијан Џунтоли, кој изјави дека клубот не размислува да го отпушти тренерот.
„Иднината на Тиаго Мота не е загрозена. Веруваме во овој проект бидејќи тоа е вреден и важен план за клубот. Се разбира, се согласуваме со Тијаго кога тој вели дека натпреварот против Емполи бил неприфатлив”, изјави тој за „Скај Спорт Италија“.