Навивачите на Манчестер Јунајтед се уште жалат што Давид Де Хеа мораше да го напушти „Олд Трафорд“. Клуботреши да не му понуди нов договор на 34-годишниот Шпанец, кој го напушти Јунајтед по 12 години, пред почетокот на минатата сезона, бидејќи тогашниот менаџер Ерик тен Хаг сакаше голман кој знае да игра со нога.
Тен Хаг се реши за Онана со кого работеше во Ајакс, а Јунајтед на Интер му плати 50 милиони евра.
Сепак, поранешниот голман на Ајакс брани во променлива форма и се чини дека не може да ја убеди фудбалската јавност дека е долгорочно решение за „црвените ѓаволи“.
Неговиот најнов кикс во средата на натпреварот против Ипсвич уште еднаш ја покрена оваа тема и предизвика гнев кај навивачите на „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми пресметаа дека Андре Онана направил 12 грешки за помалку од две години поради кои топката заврши во мрежата на Манчестер Јунајтед, што е драстично повеќе од Давид Де Хеа, кој направи само 17 такви грешки во текот на 12-те години во клубот.
Шпанецот од оваа сезона брани во Серија А за Фиорентина, па статистичарите го споредија учинокот на двајцата голмани во изминатиот период.
Онана бранеше на 27 натпревари од почетокот на сезоната и успеа да ја сочува мрежата на вкупно седум, исто како и Де Хеа, кој беше на голот на Фиорентина на четири натпревари помалку, Онана веќе прими 39 гола, Де Хеа 25. Процентот на успешни одбрани е исто така на страната на Шпанецот (72:65%).
Важно е и тоа што Фиорентина нема примено гол по грешак на Де хеа, за разлика од Онана.
Она во што Камерунецот е далеку подобар е играта со нога, има 300 додавања повеќе од Де Хеа. Прашање е дали вреди?
You be the judge.
David de Gea vs André Onana in the same situation in the same season. https://t.co/4779IFZ7xB pic.twitter.com/ACKMWUvKUq
— ☥ 🔞 𝕂 (@spyderkam) February 27, 2025