Младинската Олимпијада во Аргентина предизвика бура од реакции откако натпреварувачките во ракомет на плажа носеа бикини кое открива премногу и дел од фановите сметаат дека се работи за сексуално искористување, посебно бидејќи се работи за натпреварувачки под 18 години.
Според правилата на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), натпреварувачите во ракомет на плажа во машка категорија треба да носат маички без ракави и шорцеви кои мораат да бидат 10 сантиметри над коленото, додека кај натпреварувачките правилото е едноставно – бикини!
„Натпреварувачките мораат да носат бикини со нагорен агол кон врвот на ногата. Ширината на страната мора да биде 10 сантиметри“, се вели во правилникот на ИХФ.
Според дел од критичарите оваа разлика на правилата за облекување за машките и женските натпреварувачи е „сексистичка“, и се жалат дека ракометарките настапуваат „речиси голи“ само за да ги исполнат барањата од ИХФ.