Top Sport

Меси во 2020 може да замине „бесплатно“ од Барса

Лионел Меси може да си замине од Барселона за помалку од 18 месеци, а каталонскиот клуб прави сѐ во нивна можност да го осигураат со нов договор.

31-годишниот Аргентинец има договор со клубот од „Ноу Камп“ до 2021 година, но сега „Ел мундо депортиво“ пронајде изненадувачки дел во неговиот договор. Според весникот, Лео има „специјална клаузула“ во договорот со кој може да замине бесплатно во 2020 година, но само да се приклучи на „неелитен“ клуб. Ова значи дека тој може да замине како легендите на Барса, Чави и Андрес Иниеста – Чави игра во Катар, а Иниеста во Јапонија.

Меѓутоа, бордот на Барселона се обидува да склучи нов долгогодишен договор со Меси, со кој тој би останал во Каталонија барем до 2023 година, кога би имал 36 години. Желбата е Аргентинецот да биде „човек од еден клуб“ и да се пензионира во Барселона.

Во обновениот договор на Меси има клаузула за прекин на договорот вредна 700 милиони евра во обид да се спречи клуб како Пари Сен-Жермен да дојде и да го откупи неговиот договор, како што направија со Нејмар за рекордни 222 милиони евра.

Меси веќе кажа дека би сакал да игра во Барселона сѐ додека може на највисоко ниво, иако додава дека сонува пак да заигра за клубот од детството Њуел олд бојс. Неодамна, Дејвид Бекам најави дека сака да го види Меси во неговиот нов МЛС клуб, Интер Мајами.

Фото: ЕПА

Scroll to Top