Кристијано Роналдо нема да биде дел од тимот на Ал Наср за претстојниот натпревар против ирански Естеглал во Лигата на шампионите на АФЦ. Бизарна е причината за неговото отсуство.
Клубот реши најголемата ѕвезда да остане дома поради инцидент што се случи за време на неговиот претходен престој во Иран.
Роналдо нема да патува за Техеран поради можноста да се соочи со казна од 99 удари со камшик, според исламските закони.
Оваа казна му се заканува на Роналдо поради инцидент кој предизвика внимание пред две години.
За време на претходниот престој во Иран, Роналдо беше виден како се гушка и се бакнува со хендикепирана уметница Фатема Хамани Насрабанди, која слика со своите стапала.
Нивната средба се случила пред натпреварот со Персеполис во 2023 година, кога таа го посетила фудбалскиот тим во хотелот во кој престојувале Роналдо и соиграчите.
Според исламскиот закон, секој физички контакт со жена која не е легална сопруга се смета за прекршок, а казната за таков прекршок е 99 удари со камшик во јавност.
Ал Наср, очигледно, не сакаше да ја доведе својата суперѕвезда во неволја, поради што тој ќе остане во Саудиска Арабија.
Натпреварот меѓу Ал Наср и Естеглал ќе се игра во понеделник попладне.