Новиот директор на Милан, Паоло Малдини во отворено интервју зборуваше за неговиот живот во клубот со Ариго Саки, Фабио Капели, Карло Анчелоти и почитта која ја има кон Џенаро Гатузо.
„Почнав да играм како напаѓач, бидејќи бев заљубен во топката. Мојот татко Чезаре беше напаѓач и генетиката ме стигна. Никогаш не барав индивидуална слава или лични награди. Фудбалот е пред сѐ тимски спорт и победуваш со тимот. Презадоволен сум од мојата кариера, а историјата на моето семејство е поврзана со овој дрес од 1950-тите. Кога се пензионирав моите синови почнуваа во академијата. Јас се родив кога мојот татко веќе беше во пензија, но постојано слушав приказни за него. Од него научив дека спортот го градат професионалци кои се однесуваат добро на и надвор од теренот. Личноста и фудбалерот се едно исто. Мислам дека ќе бидам запаметен како фер-играч, иако бев груб понекогаш“, вели Малдини.
Неговите два сина Кристијан и Даниел се дел од академијата на Милан, така што „росонерите“ се јасно во крвта на семејството.
Малдини имаше чест да работи со дел од најголемите стратези во историјата на Милан и ги освои речиси сите трофеи со нив.
„Ариго Саки беше клучот. Тој беше амбициозен, имаше толку многу револуционерни идеи и пристигна во Милан во вистинско време. Беше како манијак во потрага по совршенството и стресот го изеде. Капело беше поинаков, но голем тренер и човек. Тој не вршеше притисок како Саки, од кого уште имам кошмари. Пред и по натпреварите, Саки само не притискаше, но и не научи многу. Со Карло Анчелоти прво бев негов колега, а потоа ми беше тренер. Ерата беше прекрасна. Тогаш веќе имав 35 години и ги контролирав емоциите и уживав во секој момент“, додава Малдини.
Сега на чело на Милан е уште еден соиграч на Малдини, Џенаро „Рино“ Гатузо.
„Ќе видиме што ќе успее да направи. Тој е толку поврзан со Милан, што се обидуваме таа енергија да ја пренасочиме кон фудбалерите. Во оглед на тактиката, Рино се подобри многу и затоа имам целосна доверба во него. Беше храбар да дојде во Милан во тежок момент“, завршува Малдини.