Top Sport

Касано се пензионираше: Овојпат е навистина готово (видео)

Антонио Касано се откажува од фудбалот признавајќи дека веќе нема „менталитет за постојани тренинзи“, само една недела откако беше најавен како засилување за малиот тим од Серија Ц, Виртус Ентела.

Поранешниот напаѓач на Милан, Интер и Реал Мадрид беше без клуб откако кратко тренираше со Верона пред стартот на сезоната во јули 2017, а последен пат официјален меч играше во мај 2016 за Сампдорија. Касано, кој имаше 39 настапи за Италија во кариерата, се согласи да тренира со Ентела без да потпише договор, но сега вели дека навистина е „готово“.

Во објава преку новинарот Пјерлуиџи Пардо, Касано ги објаснува причините.

„Последните неколку дена на тренинг сфатив дека веќе немам менталитет за постојани тренинзи. За да играш фудбал потребна е страст и талент, но пред сѐ посветеност и во моментов јас имам други приоритети. Сега почнува втората половина од мојот живот. Љубопитен сум и мислам дека можам да направам добри работи и без помош на моите нозе“, објаснува Касано.

Да се потсетиме какви голови даваше „Фантантонио“.

Scroll to Top