Top Sport

Капело: Гвардиола е арогантен поради тоа се мачи во Лигата на шампионите

Прославениот тренер Фабио Капело смета дека поради ароганцијата Гвардиола не освоил повеќе трофеи во кариерата.

Гвардиола и Капело работеа заедно во Рома во сезоната 2002/03, кога Италијанецот беше тренер, а Шпанецот играч.

„Не разговаравме за ништо додека бевме заедно во Рома. Тој дојде кај мене да ми каже како да си ја работам работата, а јас му реков прво да оди да трча, за подоцна да може даразговара со мене“, изјави Капело за „Ел Мундо Депортиво“, додавајќи:

„Го направив тоа затоа што тој само шеташе низ теренот и не сакав да го критикувам пред другите кои беа подобри. Тоа беше крајот на секоја дискусија“.

Капело ја коментираше и тренерската филозофија на Пеп, но и специфичниот начин на кој тој пристапува на најважните натпревари. Дел од фудбалската јавност со години веруваше дека новите „тактики“ на Гвардиола пред клучните натпревари почесто биле на штета на неговите тимови отколку на нивна корист.

„Она што најмногу ми пречи кај Гвардиола е неговата ароганција. Само кога со Сити ја освои Лигата на шампионите не погреши тактички. Во сите негови други години во Манчестер и претходно во Баерн, тој секогаш му отежнувашена тимот во решавачките натпревари бидејќи сакаше да биде протагонист. Ќе ја смени тактиката за да може да каже дека не победуваат играчите, туку тој. А таа ароганција го чинеше уште неколку ЛШ. Го почитувам, но мојот став е јасен“.

Scroll to Top