Top Sport

Паредес го продолжи договорот со Рома

Два дена пред реваншот со Атлетик Билбао, во Лига Европа, аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес потпиша нов договор со Рома.

„Рома со задоволство објавува дека Паредес го обнови договорот со клубот до 30 јуни 2026 година. Фудбалерот од средниот ред, светски шампион со Аргентина во 2022 година, мина значаен дел од својата кариера во нашиот клуб. Откако пристигна во Рим во Бока Јуниорс, тој го носеше дресот на Рома во сезоната 2014/2015 година, како и во два различни сезона сезоната 2-16/2017. Во клубот се врати во летото 2023. За Рома има 129 настапи и 10 голови во сите натпреварувања, честитки, Лео“, се вели во соопштението на Рома на официјалната веб-страница.

Аргентинецот во својата кариера има настапувано за Бока Јуниорс, Киево Верона, Емполи, Зенит Санкт Петербург, Пари Сен Жермен, Јувентус и Рома.

Паредес од 2017 година е редовен репрезентативец на Аргентина, за која одигра 70 натпревари и постигна пет гола. Тој го освои Светското првенство во 2022 година со националниот тим, како и две Копа Америка, во 2021 и 2024 година.

Scroll to Top