За 13 години, два месеци и 17 дена откако беше назначен за тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне никогаш не водел толку чести, важни и жестоки битки против никого како против Карло Анчелоти.
Овие двајца некогаш големи играчи, а денес уште поголеми тренери,вечерва по 28. пат ќе се сретнат во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Ако го победи својот постар колега на „Метрополитано“, Чоло ќе го изедначи резултатот во ова необично ривалство на 10-8-10. Ако го направат тоа со два или повеќе гола разлика, Атлетико ќе постигне нешто што досега не го направиле, ќе го елиминираат Реал Мадрид од Европа.
Во пресрет на уште еден „Мадрилењо“, во кој „Карлито“ ќе влезе со гол предност од „Бернабеу“ (1:2), Симеоне џентлменски изјави дека Италијанецот „е многу подобар тренер од него“.
„Поминав многу време во Италија, а тој е роден таму. Причината поради која понекогаш се чини дека имаме исти идеи не е толку чудна е затоа што пораснав живеејќи таму. Можеби изгледа дека некои работи се слични во нашите стилови. Но, јасно е дека Анчелоти е многу подобар од мене“, изјави Симеоне, чиј прв клуб во Европа беше Пиза, а потоа со голем успех го носеше дресот на Лацио и Интер.
Благодарение на брилијантната партија на Федерико Валверде и Родриго, Анчелоти минатиот вторник повторно поведе во ова ривалство и ја забележа десеттата победа, но кој може да погоди што ќе се случува вечерва од 21 часот на распродадениот „Метрополитано“ каде Чоло загуби само двапати од „Карлито“, а има забележано седум победи.