Top Sport

Чориќ го „здрви“ Федерер за финале во Шангај против Ѓоковиќ

Ништо од мега-пресметката Новак Ѓоковиќ-Роџер Федерер во финалето на Мастерсот во Шангај. За тоа се погрижи Хрватот Борна Чориќ, кој со атомски тенис успеа да го победи Федерер со 6:4/6:4 во полуфиналето во кинескиот мегалополис.

Ова е најголемо финале во кариерата на Чориќ, кој вторпат едноподруго го победува Федерер во голем меч. Хрватскиот број 2 во финалето во Хале оваа година го совлада Федерер со 7:6/3:6/6:2 за да ја освои својата втора АТП титула. Чориќ против себе ќе го има расположениот Новак Ѓоковиќ, кој претходно лесно го помина Германецот Александер Зверев.

Федерер, пак, од понеделник ќе падне на третото место на АТП-листата, зад Ѓоковиќ, но тоа ќе му се случеше дури и да ја одбранеше титулата од Шангај.

Scroll to Top