Фудбалерите на Барселона на домашен терен ја совладаа Осасуна во натпревар кој требаше да се игра пред две недели, но беше одложен поради смртта на клушскиот лекар.
Барселона победи со 3-0 и по 20-та сезонска победа се наоѓа на првото место на табелата со 63 бодови, три повеќе од Реал Мадрид и седум повеќе од Атлетико.
По само 21 минута Барселона водеше со 2:0.
Се започна со голот на Феран Торес во 1. минута, а 20 минути подоцна погоди Дани Олмо. Она што е проблем за Ханси Флик е фактот што во 28. минута мораше да го извади од игра Олмо поради повреда.
Третиот гол го постигна Роберт Левандовски. Полјакот влезе во игра во 68. минута, а во 77. минута ја испрати топката во мрежата по одличното нафрлување на Фермин Лопез, кој беше замена за Олмо во првото полувреме.