Ричард Џеферсон, по 17 години во НБА, официјално заминува во пензија, велејќи дека е време да „оди понатаму со животот“, и во исто време призна дека одлуката е делумно направена откако неговиот татко беше убиен.
65-годишниот Ричард Џеферсон Сениор, познат како „Биг Рич“ беше застрелан од автомобил на 19 септември во Комптон.
„Последниот месец морав да се соочам со две работи кои ми го сменија животот. Одлуката да се повлечам од кошарката и трагичната смрт на Биг Рич. Со помош на моето семејство ќе ги надминам овие пречки“, напиша Џеферсон.
38-годишниот Џеферсон ја освои титулата со Кливленд кавс во 2016 година, но минатата сезона одигра само 20 натпревари со Денвер нагетс со само 1.5 поени во 8.2 минути по натпревар. Тој претходно има играно за Њу Џерси нетс, Милвоки бакс, Сан Антонио спарс, Голден Стејт вориорс, Јута џез и Далас маверикс. Во својата кариера тој имаше просек од 12.6 поени, 4.0 скока и 2.0 асистенции во дури 1.181 натпревари во НБА.