Французинката Каролине Гарсија очигледно ужива да игра во Азија, откако во првото финале по минатогодишната двојна титула во Вухан и Пекинг, со 7:6(7)/6:1 ја победи Чехинката Каролина Плишкова за да ја освои својата шеста ВТА титула на Тијанџин опен.
Гарсија сега има 6-2 скор во ВТА финалињата со двата порази од Тимеа Бачински во Акапулко и Монтереј во 2015 година. Плишкова останува на 11 титули во кариерата и две оваа година.
Французинката го преживеа тешкиот прв сет, откако во тај-брејкот губеше со 1:5, пред да спаси сет топка (5:6) и по еден час игра да го скрши отпорот на Плишкова. Во вториот сет таа имаше помалку проблеми и со два брејка ги искористи сите грешки на Плишкова.