Новак Ѓоковиќ стигна до својата 32. Мастерс титула, откако во возбудливото финале во Шангај со 6:3/6:4 му даде вистинска тениска лекција на младиот хрватски предизвикувач и негов добар пријател Борна Чориќ.
Ѓоковиќ ќе ја памети втората половина од 2018 година, откако прво имаше спектакуларно враќање на големата сцена со титулите од Вимблдон и САД опен, а сега со трофејот во Шангај од понеделник ќе го прескокне Роџер Федерер на второто место на АТП листата и ќе продолжи со ловот на првото место од Рафаел Надал.
Во Шангај, Ѓоковиќ играше фантастично од почеток до крај, доминирајќи и во полуфиналето против Александер Зверев, за да покаже дека полека се враќа во формата со која доминираше во машкиот тенис последната деценија. Ова е четврта титула на Србинот во Шангај и трофеј број 72 во кариерата. Неговите 32 Мастерс титули го носат на само една од рекордерот Надал, кој во кариерата има 33 АТП 1000 трофеи.
Чориќ имаше многу одлични поени во дуелот со Ѓоковиќ, но едноставно не можеше против мотивираниот противник. На сервис на Ѓоковиќ, Хрватот апсолутно немаше шанса, а по најдолгиот гем во првиот сет, Ѓоковиќ направи брејк за 4:2 и за 38 минути го освои сетот. Вториот сет, Новак го отвори со нов брејк по што и при 5:3 имаше четири меч-топки на сервис на противникот, но упорниот Хрват се врати за да намали на 5:4. Но, веќе во следниот гем, Србинот го комплетираше мечот за да го победи Чориќ третпат во трите меѓусебни дуели.
Hold onto your hats. These rallies are ?.
Watch live: https://t.co/hOHmv2wMlX#RolexSHMasters pic.twitter.com/Qwz34b4Ylt
— Tennis TV (@TennisTV) October 14, 2018
Djokovic (?@TennisTV ) pic.twitter.com/dasJY7y4Vt
— doublefault28 (@doublefault28) October 14, 2018
Coric (?@TennisTV ) pic.twitter.com/2LoD00ukvN
— doublefault28 (@doublefault28) October 14, 2018