Top Sport

Ѓоковиќ елиминиран од Табило во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Мастерсот во Монте Карло со пораз во првото коло од Чилеанецот Алехандро Табило.

Табило по речиси час и половина игра го победи Ѓоковиќ со 2-0 во сетови (6:3, 6:4).

Новак е третпат елиминиран во својот прв меч во Монте Карло во кариерата.

Ова е втора победа за Табил во исто толку натпревари против Ѓоковиќ, откако лани на Мастерсот во Рим го елиминираше со 2-0 во сетови.

Неговиот ривал во третото коло на турнирот ќе биде подобар од пресметката меѓу Димитров и Вашеро.

Scroll to Top