Top Sport

Салах го продолжи договорот со Ливерпул

Мохамед Салах утрово го стави својот потпис на договорот со Ливерпул, соопши клубот од „Енфилд“.

Египќанецот ќе го носи дресот на „црвените“ до крајот на сезоната 2026/27. Салаха е член на Ливерпул од јули 2017 година, претходно играше во Базел, Челси, Фиорентина, Рома.

„Секако дека сум возбуден. Имаме одличен тим. Имавме одличен тим и претходно. Потпишав затоа што мислам дека имаме шанса да освојуваме трофеи и да уживаме во фудбалот. Овде ги поминав моите најдобри години. Играв осум години, се надевам дека ќе бидат 10“, изјави Салах и додаде:

„Би сакал да кажам дека сум многу, многу среќен. Потпишав затоа што верувам дека можеме да освоиме многу големи трофеи заедно. Продолжете да не поддржувате, ќе дадеме се од себе, се надеваме дека ќе освоиме повеќе трофеи во иднина“.

Салах оваа сезона има 32 гола и 22 асистенции на 45 настапи за клубот.

Scroll to Top