Top Sport

Менаџерот на Далас: Не жалам за Дончиќ

Нико Харисон, менаџерот на Далас Маверикс, уште еднаш објасни зошто го трејдувал Лука Дончиќ и повтори дека „одбраната носи титули“. Една од најголемите НБА ѕвезди од Далас се пресели во Лос Анџелес Лејкерс.

Харисон го повтори својот став во вторникот во разговор со новинарите кои ги следат Далас Маверикс. Во едночасовниот разговор главна тема беше размената на играчи во која Дончиќ пристигна во Лејкерси, а Ентони Дејвис и неколку играчи во Маверикс.

„Воопшто не жалам. Дел од мојата работа е да ги носам најдобрите одлуки за Мавс, не само за денес, туку и за иднината, а некои од одлуките што ќе ги донесам ќе бидат непопуларни. Тоа е моја работа. Морам да застанам зад тие одлуки“, рече Харисон, кој го испрати Дончиќ во Лејкерси по само шест месеци откако Словенецот го предводеше Далас до НБА финалето.

„Нашата филозофија е дека одбраната носи титули, на тоа сме изградени. Ќе повторам, одбраната носи титули“, рече Харисон и подвлече

„Веруваме во потегот што го направивме. Очигледно не верувате, и тоа е во ред. Имате право на свое мислење, но ние сме возбудени. Мислам дека кога ќе победиме, ќе се предомислите”, заклучил Харисон.

Scroll to Top