Top Sport

Милојевиќ: Би сакал да се формира регионална лига

Тренерот на Црвена звезда, Владан Милојевиќ зборуваше на прес-конференција по хуманитарниот натпревар со Вардар во Скопје.

Црвено-белите по пресвртот славеа на стадионот „Тоше Проески“ со 3:1.

„Сите ја знаеме причината за овој натпревар. Би сакал да изразам сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата, со надеж дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори. И да се заблагодарам на мојот клуб што го прифати предлогот на нашите великани Најдоски и Панчев да одиграат натпревар со најголемиот клуб во Македонија, каков што е Вардар”, изјави Милојевиќ.

Последен пат двете екипи играа во Скопје во 1995 година, кога Вардар победи со 3:0.

„После 30 години Звезда дојде на овој стадион кој го носи името на мојот омилен пејач. Многу емоции… Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои дојдоа, особено на навивачите на Вардар кои цело време го бодреа клубот. Резултатот и играта се во втор план, но ние сме Црвена звезда и моите играчи знаат дека секој следен натпревар е најважен. Се надевам дека следниот пат ќе одиграме натпревар со поинаков карактер“, додаде тој.

Милојевиќ беше прашан и за идејата за создавање регионална лига по урнек на првенството на поранешна Југославија.

„Мислам дека на сите подсвесно би сакале да создадат регионална лига од земјите од поранешна Југославија. Ќе видиме што ќе се случи во иднина, би сакал… Има многу клубови таму, Вардар минува низ тежок период, беше и во втора лига. Вардар е традиционален клуб, видовте колку навивачи има и колку народот го сака клубот, но да проценам каде би бил Вардар во нашата лига…Не сум добар прогнозер нека остане дека сум недоискажан“, рече Милојевиќ.

Scroll to Top