Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман (340, ќе остане во клубот. На овој начин тој стави крај на шпекулациите дека летово ќе се пресели во американската МЛС лига.
Актуелниот договор на Гризман истекува во јуни следната година и се шпекулираше дека тој ќе замине во ФК Лос Анџелес во летниот преоден рок. Сепак, миленикот на тренерот Диего Симеоне, според шпанските медиуми, би требало да го продолжи договорот до јуни 2027 година, откако францускиот фудбалер се согласил на намалување на платата, а неговата нето заработка по оданочување изнесува осум милиони евра по сезона.
Гризман во Атлетико пристигна во јули 2014 година од Реал Сосиедад во трансфер вреден 30 милиони евра. По пет сезони минати Атлетико, во летото 2019 година беше купен од Барселона, која плати отштета од 120 милиони евра.
Францускиот напаѓач не ги исполни очекувањата и по две години се врати во Атлетико, прво на позајмица, за „колчонеросите“ да го откупат неговиот договор во јули 2023 година за 22 милиони евра.
Тренерот Симеоне и покрај критиките во медиумите, сепак има голема доверба во Гризман, кој остана стандарден првотимец. Оваа сезона постигна 16 гола во сите натпреварувања и додаде седум асистенции. Со Атлетико ја освои Лига Европа во 2018 година, а на 435 натпревари постигна 197 гола и забележа 91 асистенција.