Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Саудиска Арабија, петта трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Холанѓанецот ја оствари својата втора квалификациска победа сезонава, во борбата за пол-позицијата низ улиците на Џеда го победи со круг од 1:27.294. Четирикратниот шампион за само 10 илјадити делови од секундата беше побрз од Оскар Пјастри во Мекларен.
Најблиску до мив двајцата беше возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој заостана десетинка зад Австралиецот. До Расел трката ќе ја започне Шарл Леклер (Ферари), а следуваат Карлос Саинц (Вилијамс) и Луис Хамилтон (Ферари. Меѓу најдобрите 10 пласман на стартото изборија Јуки Цунода (Ред Бул) у Пјер Гасли (Алпин).
Квалификациите беа одбележани и со најголемата грешка на Ландо Норис оваа сезона. Возачот на Мекларен помина преку работ и удри во заштитната ограда и на тој начин предизвика застој.
Лидерот во генералниот пласман, инцидентото го предизвика на почетокот на третата квалификациска сесија, поради што ќе стартува од 10-тото место на петтата трка во сезоната.
Трката за Големата награда на Саудиска Арабија в недела ќе започне во 19 часот.