На стадионот „Ан дер Алтен Форстереј“ во Берлин вечерва се одигра најефикасното полувреме во тековната сезона во германската Бундеслига.
Дури осум гола беа постигнати за 45 минути од дуелот меѓу Унион Берлин и Штутгарт.
Головите за Унион ги постигнаа Илиќ во петтата и 45+6 минута, Леите во 19. минута и Куерфилд во 38. минута.
Штутгарт беше подеднакво ефикасен и голови постигнуваше преку Ундав во 23., Мило во 29. Шабо во 43. и Фуриќ во првата минута од судиското надополнување.
Сепак, во вториот дел двете екипи се „загаснаа“ и до крајот мрежите меруваа, а резултатот остана 4:4.
Унион Берлин има 35 бодови и останува на 13. позиција, додека „Швабите“ се на 11. место со 41 бод.