Денвер Нагетс го добија првиот натпревар од четвртфиналната серија против ЛА Клиперс. Во „Бол Арена“, Нагетс славеа во дополнителните пет минути откако во регуларниот натпреварот заврши 98:98.
Денвер буквално им ја украде побеата на Клиперс, кои го контролираа натпреварот се до последната четвртина. Клиперси во вториот период ја имаа и најголемата предност од 15 секунди.
Во последниот период кога се „разбудија“ Мареј и Вестбрук, Денвер го стигна и престигна противникот. Вестбрук на 23 секунди до крајот погоди тројка за предност на Денвер 98:96, во наредниот напад поентираше Харден, а последниот напад на Денвер заврши несупешно.
Во продлженијата клучна беше тројката на Браун на 23 секунди до крајот, а потоа и украдената топка на Вестбрук. Потоа Јокиќ од линијата за слободни фрлања стави точка на натпреварот.
Јокиќ го предводеше Денвер со 29 поени, девет скока, 13 асистенции и три украдени топки. Гордон забележа 25 поени и осум скока, Мареј 21 поен, девет скока и седум асистенции, а Вестбрук 15 поени, осум скока и три асистенции.
Кај Клиперси блескаше Харден со 32 поени, пет скока и 11 асистенции, Ленард забележа 22 поени, шест скока, две асистенции, мо имаше и шест загубени топки, а Ивица Зубац мечот го заврши со 21 поен и 13 скокови.