Top Sport

Што ќе се случи ако Интер и Наполи бидат изедначени на крајот од сезоната?

Интер и Наполи во последните пет рунди во Серија влегуваат со ист број на бодови. Доколку така остане до крајот ќе се случи нешто несекојдневно, поточно ќе се случи сценарио кои само еднаш е забележано во Серија А.

Рикардо Орсолини со ножички во 93.минута, вчера го 2пресече“ Интер. Болоња победи со 1:0 си ги задржа шансите за пласман на четвртата позиција и место во Лигата на шампионите, а Наполи го изедначи со Интер. Двата тима имаат по 71 бод.

Скудетото ќе се решава во фотофинишот, а се чини дека во подобра позиција е тимот од градот под Везув.

Избраниците на Антонио Конте до крајот нема да се соочат со екипи од горната половина на табелата, освен ако не го броиме 10.пласираниот Торино. Наполи ќе се судри со Лече (17.), Џенова (13.), Парма (16.) и Каљари (15.), додека Интер е пред многу потешка задача.

Тимот предводен од Симоне Инзаги ќе се соочи со Рома (6), Верона (14), Торино (10), Лацио (7) и Комо (12). Доколку ривалите од споменатите дуели излезат со исто бодовно салдо, шампионот ќе го одреди необично правило.

Имено, Италијанската фудбалска асоцијација минатата сезона воведе правило кое вели дека доколку водечките тимови бодовно се изедначени на крајот од сезоната, дополнителен натпревар ќе го одреди шампионот.

Резултатот меѓусебните дуели и гол разликата не важат, освен кога се одредува домаќинството. Според споменатите параметри тоа би бил Интер кој има подобар сооднос на постигнати и примени голови (71:32 наспроти 52:25).

Сепак, постои можност Италијанската асоцијација да се одлучи за неутрален терен, што беше случај кога Интер и Болоња го играа натпреварот за трофејот во 1964 година.

Тој се одигра на Олимпискиот стадион во Рим, а екипата од Емилија Ромања извојува неочекувана победа со резултат 2:0.

Фудбалските фанови и вљубените ширум Апенините ги очекува исклучително возбудлив крај на сезоната, а оние неутралните сигурно ќе се надеваат токму на таков историски исход.

Не може да биде поправедно – победникот зема се.

Scroll to Top