Top Sport

(Видео) Дуплантис најдобар спортист во светот

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис е прогласен за најдобар спортист на светот на церемонијата „Лауреус“ во Мадрид.

Дуплантис со години доминира во скок со стап, рекордот го собори 11 пати, а последниот го постави во февруари, кога прескокна 6,27 метри.

Престижната награда му ја врачи Новак Ѓоковиќ, кој оваа награда ја освојуваше во пет наврати. Токму српскиот тенисер беше последниот освојувач.

Конкуренција на Дуплантис годинава беа Карлос Алкараз (тенис), Леон Маршан (пливање), Тадеј Погачар (велосипедизам) и Макс Ферстапен (Ф1).

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид е прогласен за најдобар тим на годината, додека Ламин Јамал, младиот фудбалер на Барселона, ја доби наградата за подвиг на годината.

Сурферката Кели Слотер ја доби наградата за животно дело, додека кинеската парапливачка Џианг Јујан беше прогласена за најдобра спортистка со попреченост.

Scroll to Top