Епизодата на Душан Тадиќ и Един Џеко во Фенербахче очигледно е завршена.
Тандемот ветерани на Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на трансфер шпекулациите, откако по ремито со Кајзериспор (3:3), Фенер речиси ги загуби шансите за титулата. На шест кола до крајот тимот на Муруњо заостанува пет бода зад лидерот Галатасарај.
Турскиот новинар Бариш Јурдувесен тврди дека знае каде ќе бидат наредната сезона двајцата ветерани.
Според неговите информации, Тадиќ ќе се врати во Ајакс, додека Џеко се сели во Сплит во тимот на Хајдук.
„Не постои силашто ќе ги продолжи договорите на Џеко и Тадиќ. Фенербахче нема ни да седне на маса со двајцата. Јас бев првиот што кажа дека Тадиќ потпиша со Ајакс, па европските медиуми ја искористија веста цитирајќи ме мене и ТРТ Спорт. Сега најавувам дека Џеко потпиша договор со Хадук, исто така мислам дека тој таму има приватен бизнис, мислам дека има хотел“, напиша Јурдувесен на социјалните мрежи.
Двајцата фудбалери оваа сезона одиграа по 48 натпревари. За тоа време Тадиќ собра 13 гола и 18 асистенции, а Џеко 19 гола.