Top Sport

Добредојдовте во лудиот свет на Марио Балотели

Марио Балотели во еден натпревар успеа да го постигне победничкиот гол за Ница, да добие црвен картон и да го исплаши официјалното лице на стадионот. Обичен ден во светот на италијанскиот голгетер.

27-годишниот Балотели стави крај на губитничката низа од четири натпревари на Ница, со гол од пенал во 39. минута. Ова беше негов шести лигашки гол оваа сезона. Но, потоа тој доби црвен картон пред крајот на мечот за старт над Седрик Јамбере, по што следуваше експлозија на незадоволство.

Лига 1 сигурно ќе го земе во предвид неговото однесување за одредување на казната и уште не е јасно колку тој ќе биде отсутен за Ница, кои сега се 15. во шампионатот.

Scroll to Top