Top Sport

Мурињо: Нема да го бркам Конте за да се ракувам

Жозе Мурињо вели дека не е многу важно што не се ракувал со менаџерот на Челси, Антонио Конте, откако Манчестер јунајтед загубија од Челси со 1:0.

Мурињо и Конте имаат „незгодни“ односи од доаѓањето на Италијанецот во Премиер лигата, нешто што посебно се покажа минатата сезона кога Португалецот го обвини Конте дека премногу се радувал при 4:0 победата.

По крајот на неделниот меч, Конте реши да прославува со своите играчи и да не се ракува со Мурињо, кој пак се поздрави со дел од стручниот тим на клубот на кој беше тренер до пред година и пол. Мурињо вели дека тоа не е проблем.

„Сакате да го бркам до средината на теренот за ракување? Јас бев таму. Се ракував со луѓето кои беа таму. Мислам дека еден од нив беше неговиот брат, помошникот, така што со тоа ракување ја исполнив мојата обврска. Нема да го бркам. Да го чекам во тунелот? Зошто? Се грижите за неважни работи“, вели Мурињо.

Мората го „урна“ Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“

Scroll to Top