Top Sport

(Видео) Анчелоти збесна по потегот на Ендик: Ова не е циркуз

Реал Мадрид оствари важна победа од 1:0 на гостински терен над Хетафе во 33. коло од Ла Лига и остана во шампионската трка со Барселона.

На пет рунди до крајот актуелниот шампион заостанува четири бода, а во следното коло следува директен дуел со Барселона. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Арда Гулер во 21. минута.

Сепак, вниманието од турскиот репрезентативец го оттргна неговиот соиграч Ендрик (18), кој минатото лето пристигна од Палмеирас за 47,5 милиони евра.

Во 56. минута кога се најде сам пред голманот на Хетафе, Давид Сорија, наместо да шутира, се обиде со лоб удар, но лошо го изведе и практично му ја додаде топката на голманот. Тренерот Карло Анчелоти беше видно лут и брзо го извади од игра.

На прес-конференцијата по натпреварот, Анчелоти ја коментираше ситуацијата:

„Ендрик не треба да прави такви работи. Тој е млад и треба да учи, но тоа не постои во фудбалот. Кога ќе се најдете сами пред голманот, треба да шутирате што посилно. Ова не е циркуски клуб“.

Scroll to Top