Top Sport

ЛШ: ПСЖ во Лондон кај Арсенал, Барселона го чека Интер

Натпреварувањето во Лигата на шампионите продолжува со првите полуфинални натпревари, Арсенал ќе го пречека Пари Сен Жермен во Лондон во вторник, додека Барселона ден подцна ќе игра против Интер.

Арсенал ќе го пречека Пари Сен Жермен во Лондон во вторник од 21 часот.

„Топџиите“, во претходната рунда го елиминираа актуелниот шампион Реал Мадрид, со две победи (3:0, 2:1).

Пари Сен Жермен ја елиминираше Астон Вила во четвртфиналето. Во двомечот „светците“ беа подобри за еден гол, славеа дома со 3:1, доживеаја пораз 3.2 во Бирмингем.

ПСЖ веќе ја освои титулата во Франција, на шест кола до крајот стекна недостижна предност над конкурентите, додека Арсенал остана без шанса да ја освои титулата во Премиер лигата, која Ливерпул ја обезбеди со триумф над Тотенхем во неделата (5:1).

Барселона ќе го пречека Интер во среда во 21 часот.

Шпанскиот клуб убедливо го доби првиот натпревар од четвртфиналето против Борусија Дортмунд (4:0), а во реваншот имаше проблеми, загуби во Дортмунд со 3.1

Интер го победи Баерн Минхен со само еден гол разлика во четвртфиналето (4:3), откако го доби првиот натпревар (2:1) и го одигра реми во вториот натпревар (2:2).

И двата клуба влегуваат во овој дуел откако неодамна ги одиграа своите натпревари во националниот Куп. Барселона го освои Купот на Шпанија во саботата со победа над Реал Мадрид по продолженијата, додека Интер загуби од својот градски ривал Милан во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија во средата.

Интер загуби и во претходниот натпревар од Серија А против Рома и му ја препушти првата позиција на Наполи.

Реваншот од дуелот Арсенал – Пари Сен Жермен е закажан за 7 мај во Париз, додека реваншот од натпреварот Барселона – Интер ќе се игра на 6 мај во Милано.

Scroll to Top