Top Sport

(Видео) Општа тепачка на натпреварот Голден Стејт – Хјустон

Четвртиот натпревар од плејоф серијата помеѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс беше тензичен со многу инциденти на теренот.

Вориорс поведоа со 3:1 во серијата, откако во трилер завршница победија со 109:106, а натпреварот беше обележан со многу „валкани потези“.

Во текот на втората четвртина, седум минути пред крајот, имаше „искри“ помеѓу Стеф Кари и Дилон Брукс.

Канаѓанецот го фаулираше Кари, а кога можеше едноставно да се сврти и да си замине, реши да му ја грабне топката од рацете и тогаш сè ескалираше.

Дрејмонд Грин, се стрча да го заштити Кари и сè резултираше со тепачка, туркање и вербални навреди.

На крајот, сите тројца добија по техничка грешка. Се случи уште една ситуација во која учествуваше Дрејмонд Грин.

Тари Исон му ја одзеде топката во еден напад, а Грин веднаш возврати со фаул, а неговата нога заврши во главата на противникот.

Scroll to Top