Европа полуде по Ламин Јамал, не само со поради неговите вештини на највисоко ниво, туку и со фактот дека сè уште има само 17 години.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, тој постигна спектакуларен гол, погоди две пречки и изведе уште неколку феноменални потези.
Јасно е зошто е „тема број еден“, а за тоа зборуваше и поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд.
„Во моментов не постои фудбалер кој предизвикува толку возбуда на секој натпревар со својата игра“, рече Фердинанд.
Потоа поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед беше директно прашан за тоа и тој го повтори тоа уште еднаш.
„Златна топка. Златна топка. Златна топка“, веднаш одговори Фердинанд и додаде:
„Ако Јамал направи разлика во реваншот против Интер и во финалето на Лигата на шампионите, тогаш немам сомнение дека мора да ја освои Златната топка. Тоа би ги замолчило и луѓето кои се повикуваат само на статистиката, не е само статистиката таа што ја прави оваа игра. Не е сè во бројките. Важное како некој игра на теренот и што прави во играта. Тоа сега е Јамал.“
Барселона гостува кај Ваљадолид во сабота во Ла Лига, каде што победата е императив во борбата за титулата.
Потоа во вторник на 6 мај, Каталонците ќе го одиграат реваншот против Интер на стадионот „Џузепе Меаца“.