Газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно го привлече вниманието на јавноста по поразот на неговиот тим од Анадолу Ефес во четвртиот натпревар од плејоф серијата на Евролигата (85:82).
Со овој триумф, Ефес се избори за мајсторка што ќе се игра во Атина во вторник, но наместо да зборува само за кошарка, пораките на Јанакопулос на „Инстаграм“ привлекоа внимание.
Во низа објави на оваа социјална мрежа, сопственикот на „зелените“ не штедеше на зборови, отворено ги прозва судиите и челниците на Евролигата.
„Евролигата е мафија“, рече Јанакопулос, јасно ставајќи до знаење што мисли за настаните на теренот во Истанбул.
Тој особено се осврна на триото судии познати од терените во регионалната АБА лига.
„Јаворе, Радовиќ, Пукл, ако имате м***ња, добредојдовте во џунглата“, со „хаштагот“ „ова е ОАКА“.
Dimitris Giannakopoulos announced Game 5 of the playoff series between Panathinaikos and Anadolu Efes in his own unique way 👀🍀#EuroLeague #paobc #paobcaktor pic.twitter.com/0Hc8KapETy
— Basketball Sphere (@BSphere_) May 2, 2025
Тој не ги заобиколи ниту водечките луѓе на Евролигата.
„Даниел и Дејан, дојдете на петтиот натпревар. Претпоставувам дека е важен, нели?“.
Јасно е дека Јанакопулос не е задоволен, а неговиот гнев дополнително ја зголемува тензијата пред решавачкиот натпревар.