Top Sport

Мундо Депортиво: На Барса и пресуди пријателот на Реал Мадрид

Барселона и Интер во вторникот го завршија еден од најдобрите двомечи во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Откако двата натпревари завршија со идентичен резултат од 3:3, Интер успеа да постигне уште еден гол во продолжението и да се пласира во финалето. Полскиот судија Шимон Марчинијак исто така беше во фокусот по натпреварот.

Каталонските медиуми потсетуваат дека неговиот однос со Реал Мадрид е „пријателски“, а извлекоа и видео на кое тој има торбичка со логото на „кралскиот клуб“ во соблекувалната.

Марчинијак во корист на Реал го поништи пеналот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, во осминафиналето од овогодинешната Лига на шампиони.

Шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“, како и тренерот и играчите на Барселона, тврдат дека Марчинијак судел во корист на Интер.

„Секогаш кога имаше спорна ситуација, Полјакот и неговите ВАР асистенти пресудуваа во корист на Интер. Марчинијак, кој има пријателско минато со Реал Мадрид, ја оштети Барса со своите асистенти“, пишува „Мундо Депортиво“.

Scroll to Top