Фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе го играат реванш натпреварот од полуфиналето на Лига Европа против Атлетик Билбао вечерва во 21:00 часот. Во првиот натпревар, „црвените ѓаволи“ победија со 0:3 и со една нога зачекорија во финалето.
Пред натпреварот, тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, се обрати на прес-конференцијата.
„Откако пристигнав, ние сме најлошиот тим во Премиер лигата во однос на резултатите. Мислам дека би можеле да бидеме најлошиот тим во Премиер лигата досега, кој освоил европски трофеј. Оваа сезона беше разочарување, најлошата во последните 50 години“, рече португалскиот тренер, а по него следеше неговиот играч Алехандро Гарначо.
„Знаеме дека не ја вршиме најдобрата работа во Премиер лигата. Ќе се однесуваме како да не сме победиле во првиот натпревар. Ако ја освоиме Лига Европа, ќе одиме директно во Лигата на шампионите и ќе можеме да ја започнеме следната сезона со подобар менталитет“, рече напаѓачот на Јунајтед, Гарначо.
И покрај тоа што имаат огромна предност, работата на „црвените ѓаволи“ дополнително ќе им биде олеснета бидејќи Атлетик има сериозни проблеми. Тренерот Ернесто Валверде за дуелот на „Олд Трафорд“ нема да смета на браќата Вилијамс, Инаки и Нико, односно Ојан Сансет.