Австралиецот Ник Киргиос е во расправија со навивачите на социјалните мрежи кои се радуваат по повредата на најдобриот играч од Бостон Џејсон Тејтум.
Кошаркарите на Бостон Селтикс беа поразени од Њујорк Никс со 121:113. Екипата на Бостон сега има негатива од 3:1 во полуфиналето на Источната конференција во НБА. Покрај поразот во четвртиот меч останаа и без својот најдобар играч Џејсон Тејтум кој најверојатно си ја скина тетивата.
Тејтум не е баш меѓу омилените кошаркари во целата НБА лига, па фановите се радуваат на социјалните мрежи по неговата повреда. Тоа не му се допадна на Ник Киргиос, кој е голем фан на Селтикс.
„Кој и да ја слави повредата на Тејтум или повреда на било кој спортист, вие сте најголемото ѓубре на светот“, изјави Ник Киргиос.
Џејсон Тејтум се здоби со една од најтешките спортски повреди. Џејсон мораше да ја напушти салата во инвалидска количка. Тој плачеше и ги држеше рацете на лицето.