Норвежанецот Ерлинг Холанд е еден од најплатените и најефикасните голгетери во светот, но една статистика открива факт кој воопшто не е во негова корист.
Уште од кога пристигна од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра во летото 2022 година, Ерлинг Холанд, ја оправда инвестицијата. Вкупно, тој постигна 120 гола на 140 официјални натпревари, од кои 84 во Премиер лигата. Статистика со која треба да се горде, но…
Сепак, дали го знаевте овој факт:
Во саботата против Кристал Палас, Холанд го одигра седмото финале во дресот на Манчестер сити, во кое немаше никаков придонес, нула голови и асистенции.
30.07.2022. Комјунити Шилд: Манчестер Сити – Ливерпул 1:3
03.06.2023. ФА Куп: Манчестер Сити – М. Јунајтед 2:1
10.06.2023. Лига на шампиони: Манчестер Сити – Интер 1:0
06.08.2023. Комјунити Шилд: Манчестер Сити – Арсенал 1:1 – пенали 1:4
10.08.2024. Комјунити Шилд: Манчестер Сити – М. Јунајтед 1:1 – пенали 7:6
25.05.2024. ФА Куп: Манчестер Сити – М. Јунајтед 1:2
17.05.2025. ФА Куп: Манчестер Сити – Кристал Палас 0:1
Норвежанец, од спеменатите седум финалиња, во шест бил на теренот од првата до последната минута. Само против Арсенал во 2023 година играше од 64.минута.
Секако, ова е само статистика и не би било фер да се каже дека неговиот настап бил еднаков на нула, но како централен напаѓач, задолжен за голови, овој факт воопшто не му оди во прилог.
Треба да се додаде и дека од споменатите седум финалиња, тимот на Пеп Гвардиола победи на три, а загуби на четири.