Top Sport

Шерки потврди дека ќе го напушти Лион

Натпреварот од 34. коло од француската Лига 1 против Анже беше последен за Рајан Шерки во дресот на Лион.

Младиот напаѓач го потврди ова во изјава по натпреварот:

„Благодарност до Лион, тренерот, стручниот штаб, претседателот, моите соиграчи и сите луѓе во клубот“, рече Шерки.

Талентираниот крилен напаѓач веќе неколку сезони е во фокусот на најголемите европски клубови, но Лион некако успеа да го задржи во своите редови. Овој пат нема да успее.

Договорот на Шерки истекува следната година, но Лион нема да го спречи кога ќе пристигне добра понуда. Се зборуваше дека Манчестер Јунајтед е исклучително заинтересиран за него, но засега нема официјална потврда.

Шерки е дете на Лион. Тој одигра 185 натпревари, а беше одличен и оваа сезона. Постигна осум гола и имаше десет асистенции.

Scroll to Top