Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е победник на Мастерс турнирот во Рим, откако во финалето го победи домашниот миленик Јаник Синер.
Мечот траеше еден час и 43 минути и заврши во два сета, со резултат 2:0 (7:6, 6:1).
Алкараз, од понеделник се враќа на второто место на АТП листата.
Синнер не успеа да ја освои титулата на домашен терен, по тримесечната суспензија што ја отслужи поради скандалот со допинг.
“„Блокбастер“ финалето на „Форо Италика“ започна многу жестоко и тврдо, всушност, така беше во текот на целиот прв сет.
Само Алкараз имаше една брејк шанса во петтиот гем, а Синер се избори за својата во 12-тиот кога имаше две врзани сет-топки. И тој не ги користеше. Тај-брејкот на првиот срт му припадна на Шпанецот, кој отвори со 3:0, а потоа ја искористи втората сет топка.
Италијанецот не се појави во вториот сет, беше целосно уништен од Алкараз, кој стануваше сè подобар и побрз. Експресно дојде до 5:0 и го реши мечот.
Алкараз ја освои 19-та титула во кариерата и најави дека ќе биде фаворит број 1 за трофејот на Ролан Гарос.